42
По денешниот обид за вооружен напад на градоначалникот на Арачиново, при што беа повредени двајца негови соработници, од Обвинителството информираат дека се бараат снимки од околните објекти.
-Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија, информираат од Обвинителството.