Обвинителството побара куќен притвор за осомничениот за сообраќајката кај Блаце во која автомобил падна во Лепенец

by Fokus

Основното јавнмо обвинителство Скопје соопшти дека побарале мерка кужен притвор и одземање на пасошт за учесникот во сообраќајната несреча кај Блаце во која автомобил „БМВ“ излета од патот и падна во реката Лепенец, во која животот го загубија три лица.

„Имајќи ја предвид возраста и здравствена состојба на осомничениот, но и потребата за негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова“, соопшти Обвинителството.

Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството објаснуваат дека осомничениот 64  годишен скопјанец  на 17 јуни управувал со патнички автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки на магистралниот пат Скопје – ГП „Блаце“ во насока од југ кон север.

„Кога дошол пред тунелот Бадар, каде сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци поради работа на пат, презел дејствие на претекнување на колона возила кои се движеле во ист правец. Во моментот на престигнувањето, дошло до контакт меѓу неговиот и автомобил ‘БМВ’ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната која ја престигнувал осомничениот. Како резултат на ударот, автомобилот ‘БМВ’ излегол од коловозот и паднал во коритото на реката Лепенец, при што од возилото успеал да излезе само еден од патниците, а телата на останатите тројца беа пронајдени следниот ден откако автомобилот беше извлечен од водата“, објаснуваат од Обвинителството.

Од ОЈО СКопје велат дека во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините заради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили.

 

Поврзани новости