Обвинителството побара конфискација на имот во случајот „Трезор” и судот да ги прогласи за виновни Мијалков, Грујевски, Јакимовски..

by fokus

Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

– Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредносг од 838 106 денари и девизна банкарска сметка 145 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1 026 285 денари, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителот од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујевски 11 милиони денари, Нејбојша Стајковиќ 6 милиони денари и обвинетито Тони Јакимовски 7 милиони денари.

– Предлагам Судот обвинетите да ги прогласи за виновни и осуди согласно законот за кривичните дела кој им се ставаат на товар, а при одмерување на видот и висината на казната да ги има во предвид сите законски предвидени олеснувачки и отежнувачки околности, како и да ги заложи обвинетите да ги надоместата трошоците на постапката, изјави Ајро.

Државниот правобранител Линда Зибери, на крајот рече дека останува на оштетеното побарување од 48 480 942 денари, за кој е оштетен Буџетот на државата со злоупотреба на службената должност.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, Тони Јакимовски за помагање.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Следното рочиште за завршните зборови на одбраната е закажено за 5 април.

Поврзани новости