Обвинителството планира распит на Пендиков, ќе ја бара неговата адреса

by Фокус

Обвинителството во Охрид бара распит на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, како сведок околу нападот врз него и за таа цел ЈО ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков.

Пендиков беше претепан на 19 јануари во Охрид, а Обвинителството објави дека претепувањето било извршено од омраза. Македонскиот државјанин со бугарски владин авион беше префрлен на лекување во Софија, а по излегувањето од болница доби сместување и заштита.

Според информациите од Бугарија, тој на крајот на декември поднел барање за бугарски пасош, но засега сѐ уште е само македонски граѓанин.

Вчера беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Охридското обвинителство побара од судот да му биде одземена патната исправа за да не може да ја напушти Македонија.

„На 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле“, соопштија од ЈО-Охрид.

Поврзани новости