Обвинителството отвори предмет за украдениот глас на Фатиме Сулејмани

by fokus

Основното јавно обвинителство соопшти дека отворило предмет за случајот со Фатиме Сулејмани, сведок во Државната изборна комисија, на која, како што покажа графолошкото тестирање, и бил фалсификуван потписот, односно во нејзино име гласал некој друг. Овој беше единствениот приговор, поднесен од БЕСА, кој го прифати ДИК и го поништи гласањето во спорното избирачко место во шестата изборна единица.

-Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на седницата на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола- се наведува во во соопштението од Јавното обвинителство.

Поврзани новости