453
Триесет и шест сведоци и многу материјални докази, телевизиски снимки, како и снимки од камери од институции, ќе ја докажуваат вината на обвинетите од настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска по првото рочиште од овој предмет во кое се обвинети 33 лица од кои 31 за „тероризам“ и двајца како „помагачи“.
Обвинителката Рускоска рече дека засега само за овие обвинети имаат цврсти докази, но не исклучи и нови обвиненија доколку се обезбедат други докази.
– Кога ќе имаме цврсти докази за организаторите или нарачателите, тогаш и тие ќе бидат обвинети, рече Рускоска.
Прашана дали има потреба од обезбедување за неа, обвинителката рече дека до сега немала потреба од такво нешто и оти нема намера да побара бидејќи нема никакви закани кон нејзе.