362
Ослободени се четворицата кои беа уапсени за време на настаните во селото Бањска на северот на Косово.
Специјалното обвинителство во Приштина потврди дека четири лица кои беа уапсени далеку од местото на настанот, кога се случи конфликтот во Бањска, се ослободени вчера во отсуство на докази презентирани од Косовската полиција.
-Ве известуваме дека вчера, на 26-ти, четири лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска, општина Звечан, далеку од местото на инцидентот вчера пуштени се на слобода од Специјалното обвинителство, во отсуство на докази, стои во соопштението на косовска полиција.