Обвинителството ќе отвори предмет за случајот со Христовски ако нема одлука од Антикорупциска во разумен рок

by Fokus

Доколку Антикорупциската комисија во разумен рок не ги испита наводите од предметот за новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, предмет за случајот ќе отвори Обвинителството, информираат за МИА од ОЈО Скопје.

Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ, по пристигната анонимна претставка во која била оспорена законитоста на неговото именување.

Христовски рече дека во целост ги исполнува сите законски услови за именување на директорската позиција во АНБ. Тој рече дека има сертификат за познавање на англиски јазик, што пак го оспорија од СДСМ, од каде тврдат дека не постои центар за полагање ТОЕФЛ-тест во Пловдив, каде што Христовски навел дека го добил сертификатот.

Поврзани новости