Мострите кои треба да покажат каква структура и состав на хемикалии и во која количина од токсичниот метил акрилат мономер се излеалe од ОХИС, ќе се испитуваат во странство, бидејќи во МВР нема соодветна лабораторија.
За да се случи тоа, претходно зелено светло треба да даде обвинителството, доколку утврди дека има сомневање за сторено кривично дело со кое е предизвикано опасност.
Ваквата одлука, пак, ќе зависи од наводите во извештите од надлежните органи во земјава, односно од Биохемиската лабораторија во Штип, која треба да каже колкава концентрација отровна материја има во воздухот.
Во изминатиов период, со фирмата „Екоцентар 97“ бил склучен договор за остранување на токсичните хемикалии, за која треба да се утврди дали работела согласно стандардите.
Инаку, од 11 хемикалии досега е остранет само хлорот, додека 400 метални буриња чекаат на ред да бидат транспортирани во странство.