Обвинителството ќе издаде потерница за Зоран Теофиловски ако судот му определи притвор

by Фокус

Доколку судијата на претходна постапка согласно своите надлежности му определи мерка притвор, обвинителството ќе издаде наредба за распишување на национална и меѓународна потерница за членот на судскиот совет Зоран Теофиловски, кој е првоосомничен во случајот со противправна приватизација на земјиште во Тетово, но тој е недостапен за полицијата.

Воедно, од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат жалба по денешните решенија на судијата на претходна постапка за осумте лица осомничени за злоупотреба на својата положба и овластување во врска со противправна легализација на градежно земјиште во Тетово.

-Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор за шестмината осомничени не е прифатен. Судијата на претходна постапка на четири осомничени лица со решение им определи мерка куќен притвор, а за еден осомничен се определени мерки на претпазливост“, велат од обвинителството.

Поврзани новости