Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено, информираа од Обвинителството.
-Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат, велат од Обвинителството.
Додаваат и дека јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телата на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот.
-Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините, велат од Обвинителството.
Фотографија: ТВ21