Обвинителството ќе бара притвор за Новачевски, кумот на Груевски, за случајот “Плацеви на Водно”

by fokus

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за “Фокус” потврди дека е приведен Ристо Новачевски, за случајот “Плацеви на Водно”.

На прашањето на “Фокус” дали се уапсени и останатите осомничени, добивме одговор “Не”.

Како што дознаваме од доброупатени извори, обвинителството за кумот на екс премиерот Никола Груевски, Новачевски, ќе бара притвор поради постоење на опасност за бегство и влијание врз сведоци.

Покрај Новачевски, во овој случај осомничени се и Груевски, како и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.  Тие не се приведени, бидејќи за нив веќе постојат мерки на претпазливост.

Неофицијално дознаваме дека трагите водат кон Груевски, кога станува збор за тоа чии се плацевите на Водно, за кои сомнежот е дека се купени преку перење на пари.

Овој случај го отвори згаснатото СЈО.

Од обвинителството најавуваат соопштение за повеќе детали.

В.В

 

 

Поврзани новости