Обвинителството ќе бара притвор за Камчев

by fokus

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бара притвор за бизнисменот Орце Камчев, како осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”. Оваа информација за “Фокус” ја потврди обвинителката Вилма Русковска.

Камчев утрово беше уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност имала информации дека се спрема за бегство, по што го известиле обвинителството.

Истрагата за “Плацевите на Водно” ја води обвинителката Лиле Стефанова.

Покрај Камчев, во овој случај осомничени се и Никола Груевски, како и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ратка Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Истрагата покажала дека Груевски со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра.

В.В.

Поврзани новости