Обвинителството го повлекло притворот за вработениот во АНБ

by fokus

Обвинителството го повлекло притворот за вработениот во АНБ кој вчера заедно со обвинет па амнестиран за упадот во Собрание беше уапсен под сомнение дека уценувале бизнисмен од Битола.

-По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогот за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство, соопштија од Судот.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството и му одредил притвор на обвинетиот, па амнестиран за „27 април“ во траење од осум дена, а на вработениот во АНБ му одреди мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд.

 

Поврзани новости