458
Јавното обвинителство донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од организацијата Светски Македонски Конгрес против две лица за сторени повеќе кривични дела – Повреда на угледот на Република Македонија од член 178 од Кривичниот законик, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179, Велепредавство од чл.305, Загрозување на независноста од чл.308, Здружување заради непријателска дејност од чл.324 ст.1, Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 и за кривично дело – Самовластие од чл.392 ст.2 од Кривичниот законик.
Од таму велат дека обвинителот утврдил дека во дејствијата на пријавените лица не се исполнети битните елементи на пријавените кривични дела, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност.
„Истовремено, во пријавата на Светскиот Mакедонски Kонгрес се наведува дека двете лица сториле и кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик. За ова кривично дело, согласно чл.31 ст.1 алинеја 4 од Законот за јавно обвинителство, надлежно е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Поради тоа, кривичната пријава е препратена на надлежно постапување во ова јавно обвинителство“, велат од ОЈО.