Обвинителството до Судот: Ги приложивме сите докази дека постои реална опасност осомничените за упадот да избегаат

by Fokus

Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото, велат од Обвинителството откако Кривичниот суд образложи дека Обвинителството немало докази за кривичното дело за кои ги товари осомничените за упадот во М-Нав.

-Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, велат од Обвинителството.

Тие поднесоа жалба на одлуката на судијата на претходна постапка наместо притвор на четворицата осомничени за упадот во М-НАВ, меѓу кои и високиот функционер на ДУИ, Беким Незири, да им одреди мерки за претпазливост.

-Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована, додаваат од Обвинителството.

Поврзани новости