Обвинителството дало позитивно мислење за укинување на притворот на пратеникот Василевски

by fokus

Пратеникот Сашо Василевски, еден од обвинетите за насилството што се случи во Собранието на 27 април, ќе се брани од слобода, бидејќи од денеска му е укинат куќниот притвор, потврдија од Кривичниот суд.

Судот ја прифатил гаранција од околу 400.000 евра која ја понудил Василевски, откако претходно обвинителството дало позитивно мислење, односно не се спортивставило на барањето на обвинетиот.

-Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот  КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.М., по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова.

Ова значи дека отсега пратеникот ќе може да присуствува на собранските седници, односно во деновите кога ќе нема рочиште во Кривичниот суд.

Василевски се брани од слобода еден ден подоцна откако премиерот Зоран Заев, јавно од говорницата во Собранието, рече дека им простува на учестниците во настаните за 27 април.

Поврзани новости