124
Од Јавното обвинителство соопштија дека очекуваат кривични пријави од страна на МВР за нападот врз вработени во М-НАВ, за да можат да постапуваат по нив.
„Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста“ соопшти обвинителството.
МВР синоќа објави дека се приведени четири лица за нападот, а дека се трага по уште четири.
Досега неофицијално, се знае дека еден од насилниците е поранешниот министер за економија од ДУИ, Беким Незири, кој ги пуштил другите да влезат во кулата.