366
Бугарски државјани се осомничени за измама и за нив е побаран притвор. Станува збор за маж и жена кои преку телефонски разговор довеле во заблуда жителка на Аеродром од која во два наврати зеле 8.000 евра.
– Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра, информира денеска од обвинителство.
Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава и постои висок ризик да се дадат во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.