Обвинителството бара притвор за Исмет Гури

by fokus

Обвинителството бара притвор за Исмет Гури кој утрово беше уапсен во рамки на истрагата за даночна измама против 15 лица, додека бил заменик -управник во УЈП. Обвинителот бара притвор поради страв од бегство, фалсификување на траги и влијание врз сведоци.

-Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, додека за останатите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката, се вели во соопштението од Обвинителство.

Според Обвинителството, Гури бил вплеткан во шема со даночна измама, со 15 лица правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки од 840.000 евра, а со парите купил и деловен простор.

Како што дознава „Фокус“, тој се уште не е изведен пред судија на претходна постапка. Нему му се судеше за изборни нерегуларности во Чаир, но се уште не е правосилно осуден.

Поврзани новости