Обвинителство за акцијата во МВР: Се врши претрес на 16 локации

by fokus

Откако медиумите објавија дека од утрово се вршат претреси во зграда на МВР, каде, според информациите, се одзема службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици, акцијата ја потврдија и од Обвинителството.

-По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата. До овој момент, извршени се претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител. Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката, не сме во можност да споделиме повеќе детали во моментов, велат од Обвинителатвото.

Поврзани новости