Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека поднеле обвинение за случајот „Рекет 2“, односно за истрагата поврзана со „Меѓународен сојуз“ на Боки 13.
Меѓу обвинетите Бојан Јоановски, неговиот татко Миле Јовановски, Jасна Мандиќ, Христина Блажевска, е и пратеничката Фросина Ременски. Според обвинителството, таа го искористила својот авторитет и Бојан Јовановски го продружувала на средбите со оштетените бизнисмени.
-Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се наведува во соопшението.
Пратеничката Ременски која е обвинета за помагање, беше почесен претседател на „Меѓународниот сојуз“.