Обвинителство отвори предмет против новиот директор на АНБ

by Fokus

Обвинителството потврди дека примиле анонимна кривична пријава за директорот на АНБ – Бојан Христовски, кој според наводите приложил исправа со невистинита содржина, за да ги исполни условите и да биде назначен за директор на тајната служба.

„Во текот на вчерашниот ден е примена кривична пријава од анонимен подносител, по што согласно законските одредби е отворен предмет и доделен на обвинител за работа, велат од обвинителството.

Пријавата се однесува на сертификатот за ТОЕФЛ на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”.

Ова е прва предистрага во обвинителството за поставувањето на Христовски на директорското место на АНБ.

Јавното обвинителство претходно соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциска, а пак од ДКСК рекоа дека секој може да си ги работи истрагите и обврските согласно законите.

Вчера во Собранието имаше тензична атмосфера, меѓудругото и за поставувањето на Христовски на чело на тајната служба.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче покажа документи во кои според него сс гледа дека Христовски не го исполнува и клучниот услов за функцијата односно нема 5-годишен стаж на раководни позиции во безбедносни институции. Филипче рече и дека не смее директор на АНБ да има извршено кривично дело и тој треба да биде разрешен.

Премиерот Мицкоски извади и купче документи кои според него се јазични сертификати на припадници на сегашната опозиција или директори од времето на владеење на СДСМ.

Поврзани новости