Обвинителство отвори постапка за Катица Јанева по пријавата на Панчевски

by fokus

Јавното бвинителство постапува по кривичните пријави што поранешниот претседател на Кривичен суди, Владимир Панчевски, ги поднесе против специјалната обвинителка Kатица Jанева. Од таму велат дека се отворени предистражни постапки и дека трите кривични пријави се споени во еден предмет.

Пријавите на Панчевски се однесуваат на одлуката гевгелискиот суд да одобри наредба за претрес кај Панчевски дома и во судот. Во рамки на претресот лани во октомври  СЈО одзеде компјутери и мобилни телефони од поранешниот претседател на Кривичниот суд, под сомнение дека местел предмети на СЈО кај судии од доверба.

За сега нема детали кои мерки веќе се преземени и дали се сослушани специјалната обвинителка Катица Јанева и судијката Злата Попова од Гевгелија која ја одобри наредбата за претрес кај Панчевски.

 

Поврзани новости