83
„Не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија“ рече обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска.
Напомена дека засега не се бара притвор туку мерки на претпазливост за екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи.
„Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа“, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.
За Нино Васев е побарна уште една мерка.
„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“, додаде обвинителката.
Гоговска-Јакимоска порача дека истрагата ќе се проширува.