Обвинителство на прес-конференција ќе го образложи случајот со апсењата на Тодоровиќ и Здравев за „Скопје 2014“

by Fokus

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за денеска во 13 часот закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за „Скопје 2014“.

Ваквото дејствување доаѓа откако беше уапсен поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ и Владимир Здравев, исто така екс функционер на општина Центар.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.

Поврзани новости