Обвинителство ќе го повика Муса на распит

by fokus

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со објавената снимка со заменик министерот за здравство, Асим Муса и постапува во насока на утврдување на фактите.

Од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство велат дека заменик министерот ќе биде повикан да даде исказ.

-Преку меѓународна правна помош од Република Албанија ќе биде побарано да се обезбеди оригиналот на објавената снимка, како и да се утврди кој го снимил и кој го објавил видеото. Дополнително, во Основното јавно обвинителство Струга ќе биде повикан да даде исказ и заменик министерот за здравство. Во текот на предистражната постапка, доколку се покаже дека е потребно, ќе бидат преземени и други дејствија со цел да се утврди евентуална кривична одговорност, информираат од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство.

Заменик министерот за здравство денеска објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.

Поврзани новости