488
Откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека околку 70 обвинители биле прислушувани, односно две години се снимала фиксната телефонска комуниција во зградата на обвинителството, од обвинителството дообјаснуваат дека ќе ќе се врши и проверка на тендерската документација за набавката на опремата.
-Основното јавно обвинителство Скопје започна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на Јавното обвинителство.
Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.
Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци, информираат од обвинителството.