Обвинителство: Истрагата против обвинителот Мустафа Хајрулахи е во финална фаза

by fokus

Истрагата против суспендираниот обвинител Мустафа Хајрулахи е во финална фаза, информираа од Обвинителството, откако пак тој објави дека поднел кривична пријава против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

-До овој момент таква пријава не е примена. Доколку биде, истата ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител, одговорија од Обвинителството.

- Advertisements -

Оттаму посочуваат дека истрагата против Хајрулахи е при крај, но тој се уште не ја примил поканата за да даде исказ.

-Основното јавно обвинителство Штип ја известува јавноста дека во постапката против осомничениот се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза. Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР, велат од Обвинителството.

Постапката против поранешниот шеф на вишото скопско обвинителство беше отворена по пријава на неколку вработени за мобинг, а се истражува и местење на предмети.

Од Обвинителството додаваат и дека поради интересот на јавноста, Основното јавно обвинителство Штип ја објавува потврдата од неуспешната достава на покана за распит на Хајрулахи.

-Заради заштита на личните податоци адресата е прикриена и е истата официјална адреса на конкретното лице, велат од Обвинителството.

Поврзани новости