538
Сите тие семејства кои се чувствуваат измамени од лекувањето во приватната болница “Жан Митрев” преку методот хемофилтрација, а чија бројка е досега 283 пациенти, според обвинителството е стекната противправна имотна корист од 1, 6 милиони евра.
Според обвинението, пациентите на различен начин плаќале, со оглед на тоа што се работи за разни човечки судбини, но никој од нив не потпишал согласност за лекување со методот хемофилтрација.
Основното јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”.
Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.
Ирена Мулачка