Обвинителство бара укинување на притворот за Владо Јовановски

by fokus

Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство побара од  судскиот совет во Апелациски суд – Скопје да се преиначи одлуката на Кривичниот суд и на актерот Владо Јовановски, осомничени за тероризам и уставно загрозување за неговото учество во настаните од 27-ми април, да му се укине мерката притвор, а да му се одреди поблага мерка.

На денешната јавна седница во Апелација, на која се разгледуваат жалбите на неколкумина осомничени, обвинителот Цветановски предложи актерот да биде пуштен од притвор и да му се изрече поблага мерка – обезбедување присуство. Според Цветановски, Советот на Основен суд Скопје 1 при продолжувањето на притворот погрешно ја утврдил фактичката состојба.

- Advertisements -

За разлика од случајот на Јовановски, претставниците на Вишото јавно обвинителство побараа од судскиот совет да ги потврдат мерките за продолжување на притворите на Оливер Поповски од Шестата управа и на  Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

 

Поврзани новости