Скопскиот јавен обвинител Миле Арсениевски сам се повлекол од функцијата откако против него беше поведена дисциплинска постапка бидејќи наводно не постапувал по предмети кои се однесувале на сообраќајки.
Името на Арсениевски се слушна и во „бомбите“ кои ги објавуваше СДСМ. Тогаш медиумите објавуваа дека во една од бомбите се слушнало како се правени местенките и договарањата на ДУИ, а во корист на ВМРО -ДПМНЕ да се отстапи обвинителско место на кое ќе се избере Миле Арсениевски, син на тогашната претседателката на скопска апелација Љупка Арсениевска.
-На 50-та седница, Советот на јавните обвинители на РСМ, ги донесе следните одлуки:
1. Решение за разрешување на јавен обвинител во ОЈО Тетово Лејла Кадриу, поради сторена тешка дисциплинска повреда,
2. Решение за престанок на функција во ОЈО Скопје на јавниот обвинител Миле Арсениевски по негово сопствено барање, соопшти вчера Советот на јавни обвинители.
На истата седница едногласно разрешена била и обвинителката Лејла Кадриу од тетовското овинителство.
Кадриу беше во тетовското обвинителство, а нејзината кариера кратко продолжи во новоформираното специјално јавно обвинителство, но брзо доби отказ од тогашната обвинителка Катица Јанева заедно со уште една обвинителка.
Дисциплинската постапка за Кадриу е од минатата година по инцидентот во селото Синичани поврзано со водоводната мрежа.