405
Членот на Президиумот на Левици, Мариглен Демири, кој денеска беше повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство поради учество во толпа на протестите, е пуштен без да му биде одредена никаква мерка.
Бранимир Јовановиќ од Левица на денешната прес-конференција по завршувањето на информативниот разговор, рече дека мерките за куќен притвор, изречени за двајца други членови на партијата, се престроги и затоа бараат тие да бидат повлечени.
-На Денот на победата над фашизмот, истакнат борец против фашизмот и режимот беше повикан на информативен разговор поради учество во антифашистички протест. Како што ги победивме фашистите пред 70 години, така ќе ве победиме и вас, изјави Јовановиќ.