Обвинителот Бубевски заразен со корона вирусот, Фетаи во изолација

by fokus

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од тимот на СЈО, е заразен со корона вирусот. Тој за „Фокус“ вели дека се тестирал бидејќи постојано е во контакт со голем број на луѓе и оди на судења, по што тестот бил позитивен.

-Немам симптоми, засега се чуствувам добро, ни изјави Бубевски, кој додава дека постојано ги почитувал сите мерки, односно држел дистанца и носел заштитна маска.

Поради неговиот позитивен тест, обвинителката Фатиме Фетаи е во изолација, бидејќи изминатат недела биле заедно на судење. Токму поради тоа беше одложено и рочиштето за „Монструм“.

В.В.

 

Поврзани новости