428
Обвинителот Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Тој добил едногласна поддршка од членовите на Советот на денешната седница, и немал противкандидати.
Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвинител.
Колевски ќе го наследи досегашниот претседател Коле Штрејев кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.