Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска деновиве ќе бидат сослушани во обвинителството

by fokus

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска деновиве ќе бидат повикани во скопското обвинителство за да бидат сослушани, откако против нив кривична пријава поднесе Арафат Муареми, поранешниот директор на Управта за финансиска полиција, брифираат од Обвинителството.

Муареми недамна обвини дека обвинителките ја злоупотребиле јавно обвинителската функција, поточно со презентирање на лажни податоци до судот, обезбедиле наредба за претрес во Управата за финансиска полиција.

Од Обвинителството појаснуваат дека за овој предмет се прибрани материјални докази, а веќе бил сослушан подносителот на пријавата, Муареми. Во прилог на пријавата тој го поднел и извештајот од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој утврди дека претресот бил незаконски.

-Уште на почетоко нас ни беше јасно дека станува збор за чиста злоупотреба на јавно обвинителска функција. Дека претресот е неоснован, незаконски, спортивен на одредбите од Законот за кривична потапка. Одите на претрес а не знаете зошто одите и што барате, притоа во наредбата за претрес сте навеле конкретно кривично дело.
Обвинителката во барањето до судот навела дека сум сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и дека располага со докази за ОСНОВАНО сомнение дека сум го сторил тоа кривично дело. Што во превод значи дека обвинителката кога го поднесувала барањето за претрес до судот располагала со докази каква награда сум примил, од кого сум примил, за што, во кој период и сл. А доаѓа и вади наредба за претрес во која вели „Предметите оформени по поднесени анонимни кривични пријави, поднесени од 2018 година до денот на претресот“.
Па кога сум го сторил кривичното дело за кое што ТВРДИ дека има основано сомнение дека сум го сторил? 2018, 2020, на денот на претресот?, обвинуваше Муареми.

Предметот пак кој го отвори обвинителката Русковска против Муареми, пак премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

В.В.

Поврзани новости