462
Во попладневниот дел од денешното рочиште за предметот за насилството во Собранието од 27 април минатата година обвинителката Вилма Рускоска даде детална хронологија на настаните од 27 април.
Обвинителката објасни и дека дел од обвинетите во прес-салата ги координирале останатите за физички да се пресметуваат со мнозинството. Таа истакна дека Игор Југ имал задача физички да го елиминирал Заев што, според неа, ќе се докажело со изјави на сведоците.
Обвинителката нагласи дека постапката ќе докаже дека обвинението има за цел да се спроведе Законот.