Обвинителката Искра Хаџи Василева, која го води предметот против против клиниката „Жан Митрев“ и Жан Митрев од скопското обвинителство е упатена во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство.
Освен случајот против Жан Митрев за кој има обвинение за измама на пациенти, Хаџи Василева беше и лице за контакт за предметите поврзани со безбедноста на новинарите во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје.
Таа заедно со нејзиниот колега Фатон Азизи со одлука на Јавниот обвинител се упатени во Организиран криминал, но ќе останат да водат дел од предметите.
-Упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите во програмата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Тој денеска оствари средба со Хаџи Василева и Азизи, како и со основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК Гаврил Бубевски и Ислам Абази, при што ја поздрави одличната соработка меѓу овие две обвинителства која придонесува за поефикасен кривичен прогон.
Јавните обвинители Хаџи Василева и Азизи, со овластување од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега, се вели во соопштението од Јавното обвинителство, се вели во соопштението од Обвинителството.