Обвинителката, Елизабета Јосифоска која при формирањето на Специјалното јавно обвинителство и беше заменичка на Катица Јанева денеска стана шеф на Основното јавно обвинителство во Гостивар.
Јосифоска беше единствената од трите обвинителки, која Дисциплинската комисија на Обвинителството ја ослободи од одговорност за претресот кај поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми.
Во оваа дисциплинска постапка, Комисијата бараше разрешување на поранешната раководителка на Обвинителството за гонење на криминал и корупција, Вилма Русковска откако Муареми ја пријави за истрага и претреси кај него, кога таа отвори постапка за пријавени сомнежи за злоупотреби на Муареми во финансиската полиција.
За обвинителката Ивана Трајчева исто така беше утврдена тешка дисциплинска повреда и и бепе намалена платата во наредните 6 месеци за по 30 отсто.
Единствено за Јосифоска која републичкиот јавен обвините, Љубомир Јовески ја делегираше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и коруцпија Комисијата не најде никаква вина.
Нејзината ќерка пак заврши Академија на судии и јавни обвинители во генерацијата преполна со синови, ќерки, сопруги на поранешни и актуелни политичари и на обвинители и судии.
Па така, на денешниот избор за обвинители во скопското обвинителство, од оваа генерација беше избрана, Ирина Спасовска, ќерка на поранешната обвинителка, Лилјана Спасовска која му беше прва заменичка на Јовески, а сега е веќе во пензија.
Фросина Факова-Серафиновиќ