Обвинителката Јосифовска денеска ќе сведочи на рочиштето за “Рекет”

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка во Специјалното јавно обвинителство додека второосомничената Катица Јанева беше специјална јавна обвинителка.

По Јосифовска, на следните рочишта ќе сведочат и други обвинители кои беа дел од тимот на СЈО.

Во случајот, првоосомничен е Бојан Јовановски, кој се товари за перење пари и примање награда за противзаконито влијание, додека Јанева е обвинета за злоупотреба на службената должност и овластување.

Третообвинет е Зоран Милески – Кичеец, кој уште на првото рочиште призна вина за делото примање награда за противзаконито влијание, по што доби 3 години затворска казна.

 

Поврзани новости