Наредното рочиште за случајот „Рекет“ е закажано за 27 декември, кога се поканети да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и поранешниот новинар од 1ТВ, Христијан Баневски. Во новата година, пак рочиштата ќе продолжат со сведочење на обвинители кои беа дел од тимот на СЈО.
Прва на листата сведоци, за рочиштето закажано за 3 јануари 2020 година, е обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева.
Покрај Јосифовска, се очекува да бидат повикани и обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, кои беа повикани да дадат исказ и за време на истрагата. Се очекува и други обвинители од тимот на СЈО да сведочат, бидејќи адвокатите на Јанева најавија дека на нивната листа предложени сведоци се речиси сите обвинители од СЈО.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Катица Јанева и Бојан Јованвски, а Зоран Милевски Кичеец беше осуден на три години затвор, откако призна вина.