Обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро не направиле никаков пропуст додека како обвинители на СЈО постапувале по предметот ,,Труст”, информираа денеска од Обвинителството.
Обвинителството ја истражуваше нивната работа откако минатата година државниот правобранител Фехми Стафа поднесе кривична пријава против нив, за случајот “Труст”, односно за конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
-Како еден аспект од целиот предмет, нагласуваме дека надлежниот јавен обвинител, согласно сите обезбедени докази и направени проверки, веќе согледа дека во јавнообвинителското постапување во предметот „Труст“ не е направен никаков пропуст, велат од Обвинителството.
Оттаму денеска ја обвинија Антикорупциска дека постапила неодговорно, откако вчера имаа свое излагање за неуспешната конфискација.
-Оттука, со јавната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе е нанесена непотребна штета и на Јавното обвинителство како институција и на јавните обвинители кои постапувале во предметот, велат од Обвинителството, поради што информираа и дека ја замрзнуваат соработката со Државната комисијата за спречување на корупција.
В.В.