Обвинителен предлог против Љупчо Златев за оддавање на службена тајна

by Frosina Fakova

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против уредникот на интерент порталот „Економски лидер“ за кривично дело – оддавање на службена тајна, соопштуваат од Обвинителствто.

Обвинителството соопштува дека во текот на првата половина на јули, Златев направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин. Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност.

– На 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“. На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации, велат од скопското обвинителство.

Златев на својот портал објави дека обвинителниот предлог е класично вршење притисок од страна ОЈО врз ,,Економски Лидер” и главниот уредник кој објавил документи за злоупотребата на УБК.

Поврзани новости