Обвинителен акт за македонските учесници на боиштата во Сирија

by Фокус

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција  до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинение за случајот „Ќелија“, соопшти судот. Во случајот се обвинети 11 лица, кои се товарат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. На сите 11 обвинети, кривчниот совет им го продолжил притворот за нови 30 дена, информираат од судот.
Полициската акција под оперативното име „Ќелија“ за откривање лица кои директно биле дел или врбувале македонски државајни за учество во паравоени организации на боиштата во Сирија и на Блискиот Исток, беше спроведена минатата година.

 

Поврзани новости