3
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, соопшти Обвинителството.
Попладнево три лица загинаа, а пет се повредени во тешката сообраќајка што се случи на автопатот Скопје – Велес кога комбе се преврте.
-На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења, додаваат од Обвинителството.