Основниот суд во Приштина денеска осуди четворица обвинети, од кои тројца малолетни, на 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина.
Ова дело е извршено во август 2022 година.
Обвинетиот Е.Р за кривично дело силување е осуден на затворска казна од 15 години во која е вклучено и времето поминато во притвор.
Судот на вториот, малолетниот Џ.С, кој се изјаснил за виновен за кривичните дела силување и злоупотреба на деца во порнографија го осуди на осум години затвор за малолетници.
За силување, злоупотреба на деца во порнографија и помагање во извршување на кривичното дело силување, на девет години затвор е осуден малолетникот Г.Р.
Малолетникот Г.Ј. е прогласен за виновен за силување и злоупотреба на деца во порнографија и осуден на осум години затвор за малолетници.
Обвинетиот Ш.К. е ослободен од кривично дело сексуални услуги на жртва на трговија со луѓе.