Обвинетите во „Диво Насеље“ ќе проговорат во петок

by fokus

Во петок, 37-та обвинети за тероризам во случајот „Диво Насеље“, за прв пат ќе дадат исказ пред судот, односно ќе се изјаснат дали учествувале во терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година кога во кумановско беа убиени осумина полицајци, а беа ранети 37 нивни колеги.

-Ниту еден од обвинетите не беше испрашан во обвинителската истрага бидејќи на ниту еден од обвинетите не му се реализираше правото за увид во доказите. Потоа ни беше дозволено од страна на судскиот совет увид во доказите, но условите не ни дозволуваа многу увид бидејќи обвинетите се во затворите во Битола и во Прилеп и не беа во можност да дадат исказ. Тоа право ќе го искористиме сега во доказната постапка како испитување на обвинет, вели адвокатот Насер Рауфи.

Тој додава дека во зависност од нивните искази, допрва ќе предложат и нови сведоци, односно ќе ги повикаат лицата кои ќе бидат споменати од обвинетите.

-Во дополнение на доказната постапка, впрочем од она што ќе произлезе и до лицата кои ќе бидат спомнувани во исказите дирекно од обвинетите, тие ќе бидат предложени и се надевам и прифатени од страна на судскиот совет. Кој ќе биде повикан ќе зависи од изјавата на обвинетите, меѓутоа и секој од лицата кои биле спомнувани во прислушуваните телефонски разговори. Се работи за една временска динамика на самиот конфликт, додава адвокатот Рауфи.

В.В.

 

Поврзани новости