Обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“, денеска, за прв пат ќе дадат исказ пред судот, односно ќе се изјаснат дали учествувале во терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година кога во кумановско беа убиени осумина полицајци, а беа ранети 37 нивни колеги.
-Ниту еден од 37- те обвинетите не беше испрашан во обвинителската истрага бидејќи на ниту еден од обвинетите не му се реализираше правото за увид во доказите. Потоа ни беше дозволено од страна на судскиот совет увид во доказите, но условите не ни дозволуваа многу увид бидејќи обвинетите се во затворите во Битола и во Прилеп и не беа во можност да дадат исказ. Тоа право ќе го искористиме сега во доказната постапка како испитување на обвинет, вели адвокатот Насер Рауфи.
Тој додава дека во зависност од нивните искази, допрва ќе предложат и нови сведоци, односно ќе ги повикаат лицата кои ќе бидат споменати од обвинетите.