428
Првиот човек на Одделот за организиран криминал при Јавното обвинителство, Вилма Рускоска, во изјава за „Макфакс“ вели дека по амнестијата, во завршните зборови за насилствата во Собранието минатата година, нема да има никаква преквалификација, допрецизирање или било какви промени на обвинението за случувањата во Собранието од 27 април минатата година.
Обвинетите кои не се опфатени со амнестијата, ќе се гонат по член 313, „Тероризам“ од Кривичниот законик.
„Обвинението си останува исто, Законот за амнестија не го опфаќа членот 313 „Тероризам“, оние кои не се амнестирани остануваат на обвинителна клупа“, вели Рускоска.