Шестмина од вкупно 11 обвинети во случајот „Ќелија“, денес ја признаа вината во судот, јави „Академик“ Тие се товарат дека врбувале и индоктринирале македонски државјани за учество во паравоените структури на ИСИС.
Првоосомничениот, оџата Реџеп Мемиши, потоа Фазли Суља, Мухамед Шеху, Сејфула Едемовски, Ахмет Дарлишта и Ресуљ Саити, се изјасниле за виновни и бараат во спогодба со Обвинителството да им биде определена казната.
Судот ги упатил обвинетите во рок од 15 дена да постигнат спогодба со Обвинителството за организиран криминал и за корупција. Другите петмина обвинети, пред Судскиот совет за оцена на обвинителниот акт рекле дека не се чуствуваат виновни. Според обвинителниот акт, 11 осомничени се товарат за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. „Ќелија“ беше спроведена од МВР во август минатата година.